Во петок „Опера и балет под ѕвездите“ пред МОБ

На 25 септември, со почеток во 21 часот, на платотот пред Националната опера и балет ќе се одржи „Опера и балет под ѕвездите“. Станува збор за оперски гала концерт у балетска претстава, по пауза од неколку месеци заради ситуацијата со вирусот.

Публиката ќе има чест да ги гледа солистите Сандра Митровска – сопран, Катерина Стојановска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор и Владимир Саздовски – бас, во придружба на Оркестарот при МОБ, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

InterServer Web Hosting and VPS