Луѓето ја напаѓаат Кардашијан затоа што била пријателка со оваа девојка: „Чудно е и збунувачки“ !

КОРТНИ Кардашијан објави неколку фотографии со нејзината блиска пријателка Адисон Ре и предизвика лавина од коментари.

„Многу збунувачко пријателство“, „Ова никогаш нема да престане да биде чудно“, „За што тие две воопшто зборуваат“, се само некои од коментарите што го преплавија нејзиниот пост. Имено, за многумина е чудно што 41-годишната Кортни се дружи со 19-годишната Адисон.

„Многу е чудно што пријателството се должи на таа разликата во возраста“, „Што прави со некоја дупло помала од нејзе?“ Продолжуваат да прашуваат следбениците на најстарата сестра на Кардашијан.

View this post on Instagram

today is a beautiful day

A post shared by ADDISON RAE (@addisonraee) on

Но, Кортни многу брзо реши да одговори на еден.

“Ова пријателство е чудно за мене. Таа има 41 година и се дружи со 19-годишници по базени”, напиша во коментар, а Кортни му се спротистави: “Дали имаш да ни предложиш подобро место? Барам идеи…”

Нејзиниот одговор ги воодушеви следбениците на Инстаграм.

View this post on Instagram

Two more days of summer.

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

Инаку, младата Адисон се прослави на ТикТок и бргу стана вирална сензација. Сега ја следат над 60 милиони луѓе, а минатата година заработи околу 4 милиони евра. Нивното пријателство стана популарно оваа година, а Кортни се појави и во некои нејзини видеа на ТикТок.

InterServer Web Hosting and VPS