Volkswagen најави уште еден SUV, ќе го носи името Taos

Германски Volkswagen реши дополнително да ја зголеми SUV понудата на американскиот пазар и официјално го најави новиот модел, кој ќе биде познат како Taos.

VW Taos ќе биде поставен под Tiguan, што значи дека негова цел ќе бидат помладите купувачи, кои покрај квалитетите и потенцијалот на автомобилот ќе бидат задоволни и што за име е избран град од сојузната држава Њу Мексико.

– Беше навистина важно да избереме име кое ќе одговара на карактерот на автомобилот и градот Таос беше одличен избор. Се работи за мал град кој нуди големи можности, меѓу кои и авантуристички потфати во околината, но е познат и како уметнички и кулинарски центар, – вели Хајн Шафер од Volkswagen of America.

Таос има само 6.000 жители, но во неговата близина се наоѓа заедница на американски староседелци со историја од на 1.000 години и клисурата Рио Гранде, а е познат и како престојувалиште за познати уметници, но и како зимски центар.

Volkswagen најавува модерен и напреден SUV кој ќе ги импресионира купувачите со технолошката поткованост, возните карактеристики и економичноста. Taos ќе им се приклучи на Tiguan, Atlas и Atlas Cross Sport во SUV понудата за американскиот пазар.

Официјалната премиера на моделот е закажана за 13. октомври.

InterServer Web Hosting and VPS