Lexus LS со повеќе комфор и технологија во освеженото издание

Премиум брендот Lexus ги објави деталите за освежената верзија на седанот LS, кој со новите надградби ќе биде достапен за купувачите од крајот на оваа година.

Ревидираниот знаменосец на јапонскиот производител доаѓа со повеќе технологија, ревизија на погонската единица и повисоко ниво на комфор за возачот и патниците.

Lexus најави дека хибридниот погон кај LS 500h претрпел мали промени, при што на пониски вртежи автомобилот повеќе ќе ја користи енергијата генерирана во батеријата, а не бензинскиот мотор, што ќе продуцира порелаксирано возење во градски услови.

Кај LS ќе биде достапна и адаптивна суспензија која ќе го подобри комфорот, заедно со подобрата изолација на кабината и луксузниот амбиент кој е вообичаен за оваа класа.

На централната конзола е сместен 12,3-инчен екран кој овозможува поврзување со Android Auto и Apple CarPlay, a од дополнувањето со трендовски системи, тука е целосното автоматско паркирање кое функционира и кога паркинг позицијата не е соодветно обележана.

InterServer Web Hosting and VPS