Бизнисот во Македонија бара државата да им дава грантови

Бизнисот во Македонија преку Сојузот на стопански комори на Македонија упати до државата 25 барања за помош за надминување на економската криза предизвикана од епидемијата, меѓу кои едно од нив е и засилено доделување на грантови до претпријатијата како една од најпотребните мерки.

„Приоритетна мерка треба да биде директна таргетирана финансиска поддршка преку доделување на грантови за помош за најпогодените сектори, за да се ублажат негативните ефекти врз економијата предизвикани од пандемијата, бидејќи има дејности кои се пред пропаѓање.

Неопходно е да се креираат прецизни протоколи за работа за сите дејности од Националната класификација на дејности, со цел да им се овозможи на сите право подеднакво да функционираат во контролирани услови по квалитетно утврдени правила. Исто така, од голема важност е да се предвиди можност за одложување или репрограмирање на постоечките кредити за оние претпријатија кои се борат со одржување на ликвидноста за да се превенира пропаѓање или одземање на имотите од страна на банките“, изјави Данела Арсовска, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Од таму бараат државата дополнително да обезбеди олеснет пристап до бескаматни кредити за како што велчат – покривање на варијабилните трошоци, како што се оние за тековните оперативни потреби, но и да им се овозможи на сите на кои им се потребни да имаат можност за пристап до овие средства преку национална гарантна шема за поддршка на претпријатијата при кредитирањето.

Се бара продолжување на мерката од 14.500 денари до март 2021 година, како и одложување на сите даночни долгови за 2020 година и истите да се плаќаат на рати, без камата. Од Сојузот информираат и дека доставиле до Владата предлози за финансиски мерки за секторите угостителство, туризам и транспорт.

InterServer Web Hosting and VPS