Hyundai се подготвува да го претстави и освежениот i30 N!

Освежениот спортски хечбек на Hyundai не само што ќе добие затегнат дизајн и подобри перформанси, туку и за прв пат ќе добие и DCT автоматски менувач со двојна спојка!

Ајде прво за техничките новитети – веќе знаеме дека освежениот i30 N ќе добие подобрена верзија на 2-литарскиот турбо-бензинец која сега ќе може да испорача максимални 280 коњски сили, но не знаеме дали во понудата ќе остане и верзијата со 250 коњски сили. Најавено е дека ќе добие и нови, ковани тркала кои се 14 килограми полесни, а воведени се и уште неколку мерки за намалување на тежината.

Вистинскиот новитет е во форма на новиот, напреден DCT автоматски менувач со двојна спојка, кој треба да обезбеди уште подобри перформанси. Менувачот има N Power Shift режим кој се вклучува автоматски кога автомобилот е под полн гас (односно е дадено повеќе од 90% „гас“) – и тогаш менувањето на брзините е ултра-брзо и агресивно.

Секако, тука се и визуелните измени – препознаваме затегнат преден дел со поголеми отвори за воздух, како и нови предни светла. На задниот дел препознаваме нови задни светла, зголемени завршетоци на издувниот систем, како и нов дифузер за подобрена аеродинамика.

InterServer Web Hosting and VPS