Колку чинат моделите од новата Mercedes S класа?

Оние коишто можат да си го дозволат ова задоволство ќе треба да издвојат најмалку 93.438 евра за базичниот модел S350d со 2,9-литарски дизел мотор.

Оваа верзија од новата С класа располага со 286 коњски сили и 600 Nm, а од 0 до 100 км/ч забрзува за 6,4 секунди.

Mercedes S350d 4Matic со погон на сите 4 тркала во Германија чини 97.150 евра, а најсилниот модел S400d 4Matic чини 103.994 евра.

Mercedes S400d 4Matic развива 330 КС и 700 Nm максимален вртежен момент.

Mоделот S450 4Matic се продава по цена од 106.650 евра. Автомобилот го движи 3,0 бензин мотор со 367 КС и 500 Nm, а од 0 до 100 км/ч забрзува за 5,1 секунда.

На врвот на понудата е ѕверот S500 4Matic со 435 КС и 520 Nm. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 4,9 секунди, а чини 115.130 евра.

Новиот Mercedes S Class во европските салони пристигнува во декември 2020 година.

InterServer Web Hosting and VPS