Од дома на „Киненова“, од 8 до 18 октомври

На „Киненова“ од дома, вака со неколку збора може да се опише овогодинешниот петти по ред Меѓународен фестивал на дебитантски филм. Како што објаснуваат организаторите, заради ковид 19, овоодинешниот формат на одржување на фестивалот „ќе ги спои авангардноста на оригиналниот авторски уметнички израз и атрактивноста на телевизијата како медиум, што во време на наметливите комерцијални содржини треба да донесе до конечна цел, поголема достапност и популаризација на филмската уметност“.

Фестивалот ќе биде емитуван преку ТВ 24, а ќе трае од 8-ми до 18-ти октомври.
-Официјалната програма на фестивалот оваа година нуди неколку исклучително атрактивни програми исполнети со најнови, свежи филмови, кои гледачите во Македонија за прв пат ќе имаат можност да ги проследат и истите ќе бидат објавени наскоро на прес конференција. Како и секоја година главниот фокус е на главната натпреварувачка програма каде што оваа година ќе се натпреваруваат 7 сосема нови деби филмови од цел свет за наградите: Најдобар филм на фестивалот, најдобро сценарио, најдобар режисер и најдобар филм според публиката. Посебен куриозитет и атракција оваа година е програмата КИНЕНОВА РЕТРО, која е всушност, посластица или подарок за сите следачи на КИНЕНОВА, а оваа година и сите ТВ гледачи во Македонија, објаснуваат од фестивалот.

InterServer Web Hosting and VPS