Проблем за Барселона: Роналд Куман не може да го води тимот

Во Барселона никако да стивне бурата. Каталонскиот гигант се соочува со нов проблем, Ронлад Куман не може да го води тимот од клупата. Причината за ова се јасните правила на Ла Лига.

Челниците на клубот немаат постигнато договор со некогашниот тренер, Кике Сетиен, кого треба да го исплатат. Тој ја бара целата сума, додека пак првите луѓе бараат компромис.

Упорноста на Сетиен направи проблем за Куман, кој според правилата не може да седи на клупата на Барселона на официјалните натпревари се додека клубот не ги реши проблемите со стариот тренер.

Добра рабоа е што Каталонците првиот меч го играат за десетина дена, па сите се надеваат дека проблемот со Сетиен ќе биде решен, а Холанѓанецот ќе може да го води тимот.

InterServer Web Hosting and VPS