Мојсоски: Сè уште нема одлука кој ќе биде директор на Агенцијата за млади и спорт

Поранешниот македонски ракометар, Наумче Мојсоски потврди дека е еден од кандидатите за нов директор на Агенцијата за млади и спорт, но сè уште не е донесена конечна одлука.

Денеска се појавија гласини дека Наумче Мојсоски ќе биде наследникот на Дарко Каевски кој стана пратеник во Собранието на Македонија.

Мојсоски за МКД.мк потврди дека е кандидат за директорската позиција во Агенцијата за млади и спорт, но вели дека сè уште нема одлука.

„Сè уште нема ништо конкретно. Вчера се пишуваше дека директор на АМС ќе биде човек од ДУИ, денеска се појави моето име. Уште не е дојдено на ред да се разговара за оваа функција, точно е дека јас сум еден од кандидатите, но сè уште не се знае. Веројатно ќе биде појасно откако претседателот на Владата, Зоран Заев ќе се врати во Македонија, одлуките ги носи тој“, ни изјави Мојсоски.

Наумче Мојсоски е актуелен претседател на Комисијата за спорт на СДСМ.

InterServer Web Hosting and VPS