Де Паул има нов клуб – Лидс добија големо засилување

Лидс Јунајтед и Марсело Бијелса ќе добијат големо засилување. Англиските медиуми тврдат дека Лидс го договориле трансферот на Родриго Де Паул од Удинезе.

Фудбалерот кој има одиграно 17 натпревари за Аргентина се поврзуваше со Јувентус, Милан и Интер, меѓутоа италијанските клубови не сакаа да издвојат 40.000.000 евра за неговите услуги.

Обесштетувањето кое го бара Удинезе за својот најдобар играч ќе го плати Лидс и Де Паул ќе се пресели во Премиер лигата.

Инаку Удинезе пред четири години на Валенсија за Де Паул ѝ платија само 3.000.000 евра.

InterServer Web Hosting and VPS