Уапсена девојка во Босна којашто малтретирала двајца мажи

Полицијата во БиХ ја уапси 19-годишната А.А. под сомнение дека физички малтретирала двајца мажи во нејзиниот стан во Сараево. Апсењето се случило во продолжение на оперативно-тактичката акција со кодно име „Липа“.

А. А. е осомничена за „тешка телесна повреда“, „противправно лишување од слобода“ и „неовластено производство и дистрибуција на наркотици“.

Во мај, девојката во нејзиниот стан држела како заложници двајца мажи, при што на едниот му нанесувала повреди со нож, а другиот го принудувала да и помага во нејзините намери, пренесуваат медиумите во БиХ.

При претрес на станот на осомничената, полицијата пронашла непозната материја што личи на наркотична дрога хероин, амфетамин, канабис сатива, како и други предмети што ќе се користат како доказ во кривичната постапка.

InterServer Web Hosting and VPS