Во Израел рекордни речиси 5.000 новозаразени од корона вирус

Ichilov Medical team at the coronavirus unit, in the Ichilov hospital, Tel Aviv, Israel, May 4, 2020. Photo by Yossi Aloni/Flash90 *** Local Caption *** מחלקה חולה איכילוב מחלקת קורונה וירוס חולה חולים

Израел денеска потврди дека 4.973 лица се новозаразени од корона вирус за само еден ден, што е рекорден број од почетокот на епидемијата.

Министерството за здравство соопшти дека бројот на активни случаи е 40.689, дека имало 47.509 тестови и дека стапката на инфекција е алармантна – 10 проценти.

Повеќе од 500 заразени лица се во сериозна состојба, а 140 се на апарати за дишење, пренесуваат израелските медиуми.

Во Израел од Ковид-19 починаа 1.141 лице.

Професорот Рони Гамзу, кој раководи со Кабинетот за корона вирус, денеска рече дека верува оти бројот на заразени лица во Израел е многу поголем од официјалниот, но дека тоа не може да се потврди се додека не се зголеми бројот на дневни тестови.

– Ако направевме повеќе тестови, денеска ќе имавме уште 20.000 пациенти, изјави Гамзу.

Во Израел, во петок, во пресрет на еврејската Нова година, започнува тринеделен период на изолација во обид да се запре ширењето на вирусот.

InterServer Web Hosting and VPS