Николовски тврди дека неговата функција не ги дуплира поетоечките институции

Вицепремиерот Љупчо Николовски кој управува со борбата против корупцијата во Владата, вели дека неговата функција не ги дуплира постоечките институции. Тој ќе ги координира институциите под капата на Владата за побрзо да стасаат нивните податоци до Државната комисија за спречување на корупцијата. Координирани ќе бидат инситуциите како што се МВР, УЈП, Управата за финансиска полиција, за финансиско разузнавање, Царинската управа… Според Николовски, овие институции слабо комуницираат и затоа во земјава бавно се одвива борбата против корупцијата. Најави секојдневна координација. За владините членови најави и етички кодекс за да не може и да нема сомнеж дека може да се злоупотреби службената позиција за лична корист.

„Во имплементацијата на овој кодекс ќе важи максимата нулта толеранција за корупција, нулта толернација за министрите, директорите, раководителите и за целата јавна администрација надоле, секој кој ќе се огреши пред законот ќе мора да сноси одговорност. Мора да има ред еднаш засекогаш во инститциите“, вели Николовски.

Потребата од кодекс најдобро се виде со случајот на поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска за која иако се докажа дека нема незаконско работење, сепак остана сомнежот во јавноста дека можела да знае што се подготвува за Еуростандард банката и затоа ги повлекла своите заштеди. Проблем е и тоа што ДКСК сè уште го нема софтверот кој треба да им ја олесни работата при проверка на имотната состојба на функционерите. Николовски одговори

„Не знам зошто државата досега не можела да набави или не направила. Ние зборуваме за нова позиција воспоставена пред само две недели и прва наша задача е да се екипираме. Да најдеме чесни, одговорни луѓе, кои ќе бидат дел од кабиентот. И ќе замолам за многу внимение и многу трпеливост и внимателност во односот на секој од нас, заради тоа што не може да брзаме и да зборуваме за крај на нашата борба против корупција и криминал“, додава Николовски.

Николовски уверува дека ќе работи чесно и напорно, нема да има компромиси и чувства во неговиот ресот. Според него, нема лесна борбата против корупцијата. За ова, опозициската партија ВМРО ДПМНЕ реагираше дека Николовски е одразот на криминалот и корупцијата. Според ВМРО ДПМНЕ, СДСМ не се бори против криминалот, туку го создава.

InterServer Web Hosting and VPS