ПАЦИЕНТИ НА 23 И 29 ГОДИНИ МЕЃУ ДЕВЕТМИНАТА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НОВИ 98 ПОЗИТИВНИ ОД 1.404 ТЕСТОВИ

Дваесет и тригодишно лице од Скопје и 29-годишно од Струмица се меѓу починатите 9-мина во последното деноноќие по компликации од ковид-19. Во извештајот на Министерството за здравство стои дека починатите се од Крива Паланка (52), двајца од Гостивар (60 и 62), од Куманово (60), од Велес (70), двајца од Скопје (71 и 23), двајца од Струмица (29 и 44). Од нив 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје.

Во последните 24 часа се направени 1.404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-50, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-5, Тетово-7, Струга-3, Велес-1, Битола-4, Охрид-2, Гостивар-1, Струмица-9, Крива Паланка-1, Кочани-1, Берово-1, Делчево-2, Кичево-1.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 16, а во болницата во Штип 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 149 позитивни и сомнителни на ковид-19.

Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-46, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-9, Велес-1, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-2, Македонски Брод-5, Пехчево-4, Берово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-1, Кичево-2.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата има 15.925, од кои оздравеа 13.418, починаа 661, а активни се 1.846. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6.373, активни 540

• Куманово 1611, активни 195

• Дебар 268, активни 35

• Штип 1.209, активни 70

• Прилеп 567, активни 130

• Тетово 1.312, активни 116

• Струга 630, активни 66

• Велес 289, активни 17

• Битола 249, активни 51

• Охрид 396, активни 56

• Кавадарци 202, активни 30

• Гостивар 857, активни 92

• Гевгелија 89, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 112, активни 49

• Крива Паланка 84, активни 36

• Радовиш 52, активни 9

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 191, активни 53

• Пробиштип 97, активни 20

• Демир Хисар 60, активни 1

• Македонски Брод 84, активни 7

• Пехчево 42, активни 23

• Берово 74, активни 27

• Валандово 11, активни 3

• Виница 94, активни 27

• Делчево 128, активни 77 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 5

• Свети Николе 309, активни 18

• Кичево 291, активни 28

• Ресен 153, активни 6

• Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.404 теста се преку: ИЈЗ-229, ЦЈЗ Скопје-28, Авицена-253, Биотек-239, МАНУ -163, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Систина со ПЦР метода -179, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-39, Инфективна клиника-3, ГАК-15, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Чаир – 50

• Гази Баба – 74

• Аеродром – 86

• Карпош – 74

• Центар – 72

• Кисела Вода – 54

• Ѓорче Петров – 26

• Бутел – 35

• Шуто Оризари – 13

• Студеничани – 9

• Сарај – 15

• Арачиново – 9

• Илинден – 8

• Сопиште – 2

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 4

• Зелениково – 1

• Странец – 3

• Нераспределен-3

InterServer Web Hosting and VPS