Го намалува шеќерот во крвта со неверојатна брзина – ова растение е спас за дијабетичари

Оваа билка е лек за луѓето со зголемено ниво на шеќер во крвта, а се одгледува многу едноставно. Делот кој расте над земја може да се искористи исто толку добро како и оној кој расте во земја.

Попозната под името сладок компир, чичоката воглавно се користи кај лицата болни од шеќерна болест. 

Особено е позната по тоа што не содржи скроб, туку полисахарид инулин, поради што чичоката во исхраната најчесто ја користат дијабетичари. Оваа билка е препознатлива по високото стебленце и големите жолти цветови. Потекнува од Северна Америка, но веќе е распространета низ целиот свет.

Преживува суша, но и многу ниски температури и до -30 Целзиусови степени. Сака влага, но не се препорачува да се сади во почва на која претходно растел или уште расте сончоглед. Може да се сади во доцна есен или на почеток на пролетта.

Чичоката има многу ниска калориска вредност и многу нутриенти. Таа содржи калиум, фосфор, калциум, железо и магнезиум. Покрај тоа содржи и витамини А, Б, Ц и Д како и есенцијални аминокиселини. Најважната состојка, сепак е инулинот. Од таа причина, чичоката е идеална храна за дијабетичари бидејќи се користи и за индустриска екстракција на инулин – полисахарид кој не произведува глукоза, туку фруктоза.

Инулинот е пробиотик, што значи дека го стимулира развојот на корисни бактерии во цревата кои имаат мноштво позитивни придобивки за нашето здравје. Чичоката е воедно добра и за луѓето што страдаат или се изложени на ризик од кардиоваскуларни болести бидејќи придонесува за генерално намалување на лошиот холестерол. Воедно, ја зајакнува крвта и помага во лекување на анемија и други болести на крвта и крвните садови.

Ова се останатите лековити својства на чичоката:

– го зајакнува имунитетот и целиот одбранбен систем на телото

– помага во зајакнување на либидото

– ја зголемува плодноста

– го намалува ризикот од стерилитет

– поттикнува потенција

– има антибактериско и антиоксидативно дејство

– може да се користи како природен диуретик

– претставува одлична превенција на алергии

– помага во зајакнување на коските во случај на остеопороза

– го регулира крвниот притисок

Како се консумира чичоката?

За разлика од компирот, чичоката може да се јаде потполно сирова, поточно не треба да се обработува термички. На тој начин ќе добиете повеќе од нејзините нутритивни вредности. Во сирова форма, од чичоката можете да приготвувате салати, а ако ја сварите, можете да ја консумирате како супа, прилог или вариво.

InterServer Web Hosting and VPS