Мистерија во Австралија: Китови долги 16 метри залутаа во река преполна со крокодили…

Австралиските власти соопштија дека ќе ги преземат сите мерки за да ги вратат во море китовите кои залутаа во реката полна со крокодили.

Китовите се наоѓаат во фаза на годишна миграција, а некои од нив завршиле во река, односно дури 30 километри длабоко во внатрешноста. Неколку китови успеале да се вратат назад, но најмалку уште еден е „залутан“ во реката.

Експертите сметаат дека крокодилите најверојатно нема да ги напаѓаат китовите со оглед на тоа што тие се долги околу 16 метри. Сепак, тие укажаа на можноста китовите да се насукаат на брегот.

Инаку, ова е прв случај во Австралија китови да залутаат во река.

InterServer Web Hosting and VPS