Македонија со 6,9% на дното на Европа за вакцинација на лица над 65 години – НА ВРВОТ Е ИРСКА СО 68,5%

Само 6,9 отсто од лицата над 65 години во С.Македонија се вакцинираат против сезонски грип. Според податоците на Еуростат, тоа е најнизок процент на имунизација на оваа категорија граѓани меѓу земјите од ЕУ и државите кандидати за членство.

Во ЕУ просекот на лица над 65 години кои се вакцинираат против грип е 41,4. Највисок е во Ирска 68,5 отсто, во Холандија 62,7 и во Португалија 60,8 проценти. На дното на листата се Летонија со 7,7, Естонија 10,2 и Словенија и Словачка со 12,5 отсто.

Од земјите во регинот највисок процент на имунизација има во Грција 56,2, во Хрватска е 29, во Црна Гора 13,6, а во Србија е 11,1 отсто. (МИА)

InterServer Web Hosting and VPS