ORA Good Cat – мал и привлечен градски автомобил

Брендот ORA претстави нов, мал и градски електричен автомобил. Станува збор за моделот чие име е Good Cat, а целосно развиен од страна на тимот на Great Wall Motors, во чија сопственост е овој бренд.

Уште на прв поглед може да се види дека во дизајнот се употребени примеси од VW Beetles, Fiat 500 па и Porsche 911.

Должината на овој автомобил изнесува 4.235 мм, ширината 1.825 мм додека пак висината 1.596 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.650 мм.

Внатрешноста е со модерен дизајн каде доминира големиот екран осетлив на допир и линиско споените отвори за клима.

Под хаубата, овој автомобил располага со електромотор кој продуцира максимални 143 КС и 210 Nm. Сетот на батерии овозможува домет од речиси 500 км.

Интересно е што технологијата која се користи во овој автомобил е истата онаа која ќе биде користена кај новите Mini автомобили наменети за кинескиот пазар.

InterServer Web Hosting and VPS