Сончево со малку облаци и топло до 30 степени

Сончево сo малку облаци и топло време со слаб североисточен ветер, најавуваат метеоролозите за денеска на скопското подрачје. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Претежно сончево и топло, со слаб до умерен ветер од североисточен правец се очекува и во другите краишта од земјава. Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а дневната од 26 до 33 степени.

В среда ќе има појава на умерена облачост, а в четврток попладне и в петок ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

InterServer Web Hosting and VPS