Халф на Милан изненади со изборот на новиот клуб

Довчерашниот халф на Милан Лукас Билја има нов клуб. Аргентинскиот интернационалец потпиша со повратникот во турската Суперлига Фатих Караѓумрук и тоа како слободен играч откако му истече договорот со „росонерите“. Инаку Билја со „црвено-црните“ од истоимената област во Истанбул. Новиот клуб на Аргентинецот се врати во најсилната турска лига по пауза од 34 години.

Билја немаше успешни настапи за Милан по трансферот од Лацио во 2017 година. Тогаш „росонерите“ платија 20 милиони евра за него.

Претходно Билја играше за Андерлехт и Индепендиенте, а за Аргентина има 58 настапи.

InterServer Web Hosting and VPS