Најевтин досега: Екран од 7 инчи, батерија 6.000 mAh, пет камери и магична цена!

Интернетот го преплавија фотографии и опис на телефонот што ќе се појави во октомври. Одличните спецификации и исклучително поволната цена се адутите на овој Android 10 смартфон.

Веројатно не сте слушнале за компанијата Tecno, која е многу попуалрна во Индија и Азија, но нејзиниот нов модел Spark Power 2 Air предизвика огромно внимание на медиумите и корисниците. Се работи за т.н. entry-level телефон по цена од 110 евра, за кој сигурни сме дека и тука би владеело големо инетерсирање.

Смартфонот има HD+ екран со дијагонала од дури седум инчи (17,8 см) во IPS LCD варијанта. Батеријата е со капацитет од дури 6.000 mAh и овозможува до четири дена употреба без полнач, а применето е и брзо полнење од 18 вати (W). Уредот има четири камери одзади (16 MPx + 5 MPx + 2 MPx + AI леќа), додека предната камера сместена во засек во облик на капка има резолуција од 16 MPx. Одзади е скенерот за отпечаток од прст, но и четворократен блиц.

Spark Power 2 Air располага со 3/4 GB RAM, 32/64 GB простор за складирање и слот за microSD картичка до 256 GB, а процесорот е MediaTek Helio P22. Tecno Spark Power 2 Air ќе биде најавен на 14. септември, рано наутро по наше време, а во продажба ќе се најде од октомври.

InterServer Web Hosting and VPS