Редизајнот на Google Groups го подобрува изгледот на мобилните уреди

Редизајнот на Google Groups кој е во бета верзија неколку месеци, ќе стане стандарден за сите корисници од следната недела, објави компанијата во блог пост.

Според Google, новиот интерфејс што има неколку „многу барани функции“, вклучува нов дизајн за мобилните уреди и ажурирани заеднички приемни сандачиња.

Редизајнот на Google Groups за мобилни уреди ќе го отстрани застарениот изглед и ќе го приближи до верзијата за компјутери. Исто така, ќе го олесни прегледувањето и пребарувањето на групите на мобилниот уред.

InterServer Web Hosting and VPS