Заев: На следната билатерална средба со Србија ќе се разговара и за преминот Лојане-Миратовац

Потпишан е договорот за отварање на граничниот премин Лојане-Миротовац, но инфраструктурните активности се одложени заради Ковид 19, па наредната билатерална средба со Србија ќе се искористи за да се зборува и на оваа тема, изјави денеска премиерот Зоарн Заев, денеска во кумановско, одговарајќи на новинарско прашање кога се очекува отварање на граничниот премин Лојане-Миратовац.

– Знаете дека поранешниот премиер Спасовки ги потпиша договорите, уште како министер за внатрешни работи. Верувам дека голем дел од активностите како што се и таквите инфраструктурни активности се одложени заради Ковид 19, но секако договорите се потпишани, јас верувам дека првите билатерални средби со Србија што во следниот период ќе ги искористиме ќе бидат една од важните теми е за граничниот премин Лојане-Миратовац, заради тоа што утврдивме двете страни преку потпишување ја изразија својата намера дека ќе продолжиме да го оформиме, изградиме тој граничен премин и како што знаете таму имаме убави, драгоцени грант средства од Норвешка и граѓаните на Норвешка коишто треба да ги искористиме. Сè што треба двете страни ќе дополниме, за да може тој граничен премин да биде пуштен. Од наша страна ние сме подготвени, верувам на правата билатерална средба со Република Србија ќе ги дефинираме и нивните активности кога тоа треба да се заврши од нивна страна, изјави премиерот.

Тој очекува првата билатерална средба со претседателот на Србија да се реализира кон крајот на септември или почетокот на октомври годинава во рамки на процесот за продолжување на регионалната соработка.

– Јас предвидувам да се видам со претседателот Вучиќ, до крајот на септември или почетокот на октомври на една билатерална средба заради продолжување на проектот за регионална соработка којашто ја отворивме. Знаете дека ни се приклучи и Косово во поново време, црногорскиот претседател беше на последните состаноци и еден од членовите на претседателствата на БиХ и нивниот претседател на националниот совет, верувам дека треба да ги раздвижиме, ако е корона криза. Многу работиме на административно тргање на бариерите, пред сè на граничните премини, поврзани со брзиот проток на стока, на патници, на се, и верувам дека на тие средби коишто претстојат во следниот период веднаш ќе имаме информација да дадеме и од српската страна кога би можело да биде продолжено, информираше премиерот, при посетата на индустриската зона во Кумановско.

InterServer Web Hosting and VPS