Луксузниот бренд на Hyundai го освежи изгледот на моделот G70

Луксузниот бренд на Hyundai, Genesis го освежи изгледот на својата најмала лимузина G70 која сега има унапреден дизајн и технологија.

G70 е директен ривал на Audi A4 и BMW Серија 3, а освежениот модел има најмногу промени на предниот дел каде се наоѓа решетката за ладилникот.

Направени се промени и на задниот дел на автомобилот, со нови ЛЕД светла.

Во внатрешноста е сместен нов 10,25-инчен екран со инфо-забавен систем кој поддржува Google Play систем, a има и безжичен полњач за мобилни.

Повеќе детали ќе бидат познати наредниот месец.

InterServer Web Hosting and VPS