Талат Џафери: Ако се укинат патните трошоци ќе барам укинување на службените возила на функционерите, па нека се возат со тротинет

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите кажа дека ќе предложи до Владата да се откажат службените возила и секаде да одат со тротинер, доколку Владата достави законски измени з апонатамошно кратење на трошоците на пратениците.

Џафери вели дека треба да се обезбедат нормални услови за работа и да се има предвид дека пратениците доаѓаат од различни места во државата и дека ги претставуваат гласачите од изборните единици од кои доаѓаат.

„Очекувам да не добијам таков предлог од Владата, а поединечно не очекувам некој да се откаже од тоа право што е регулирано со Уставот.
Ако добијам таков предлог од Владата, јас ќе поднесам предлог сите да се откажат од службените возила и да одат на работа со тротинет. Па, ќе направиме карикатура од државата.

Или ќе правиме држава или ќе си поигруваме со популистички политики кои ни носат дневни поени, се закани претседателот на Собранието Џафери.

InterServer Web Hosting and VPS