Русковска: Ако ја добијам тужбата против ВМРО-ДПМНЕ, парите ќе ги донирам во СОС Детското село

Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, поднесе тужба за клевета и навреда против ВМРО-ДПМНЕ, со која бара отштета од 10.000 евра, бидејќи партијата во текот на предизборната кампања ги користеше нејзините име и лик во рекламните спотови.

Таа денеска најави дека ако ја добие тужбата, парите ќе ги донира.

-Јас прво побарав извинување и повлекување на спотовите додека траеше предизборната камања. Тоа не се случи и од тие причини преку адовокат ја поднесов тужбата. Сметам дека таа сума е реален износ, повеќе симболичен, а доколку со правосилна пресуда ми биде досуден износот, сакам да го донирам во СОС Детското село затоа што сметам дека во оваа пандемија може малку и се заборави на оваа институција ,а знам дека тие опстануваат од донации, изјави Русковска.

InterServer Web Hosting and VPS