Мбапе до ПСЖ: Донесете нови играчи! Леонардо: Не се мешај во трансферите!

Пари Сен Жермен се уште не е спремен за новата сезона барем што се однесува до склопување на екипата. Заминаа Тијаго Силва, Танги Куаси, Тома Мение и Единсон Кавани на кои не им беа понудени нови договори.

Силва отиде во Челзи, Куаси во Баерн, па ПСЖ е „тенок“ во одбраната, а освен тоа се бара и десен бек и играч за врска. Меѓутоа нема да оди така лесно. Прво мора да продадат играчи за за да не го нарушат финансискиот фер-плеј.

Денеска медиумите пишуваат дека Мбапе е незадоволен од клубот бара да донесе нови фудбалери и да ги заменат оние што заминаа, но спортскиот директор Леонардо му возвратил со зборовите дека тоа не е негова работа и дека ПСЖ има финансиски ограничувања.

Цел е Кулибали од Наполи, но овој играч два пати ги одби парижаните. Планот Б е Милан Шкринијар од Интер па ќе видиме што ќе излезе од ова.

Во ПСЖ приоритет е да се задржат Нејмар и Мбапе и околу нив да се гради екипата. Се шпекулираше дека Томас Тухел ќе биде сменет и ќе биде донесен Масимилијано Алегри но тоа засега нема да се случи. Германецот останува на клупата и идната сезона.

InterServer Web Hosting and VPS