Бајден се сретна со семејството на Џејкоб Блејк во Висконсин

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, ја започна својата посета на Висконсин во четвртокот со средба со семејството на Џејкоб Блејк, Афроамериканецот кој беше тешко ранет од страна на полицаец, што предизвика неколкудневни, повремено насилни протести во таа сојузна држава.

Според АП, Бајден разговарал со таткото, браќата и сестрата на Блејк, како и со еден од адвокатите, повеќе од еден час. Мајката на Блејк и уште еден адвокат исто така учествувале во разговорот преку телефон, пренесува „Гласот на Америка“.

Блејк, кој беше застрелан со седум куршуми во Кеноша, сè уште е во болница.

Трамп не се сретна со семејството на Блејк за време на неговата посета.

InterServer Web Hosting and VPS