Косите црти во графата државјанство се заменија со „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“

Нема веќе коси црти во графите во полето државјанство.

Ова го соопштија од Управата за водење на матични книги од каде велат дека од денеска во графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени ќе пишува македонско/граѓанин на Република Северна Македонија.

На реакциите на јавноста од управата велат дека така морало да биде дури се спроведе процедурата во електронскиот систем .

Оваа промена доаѓа како последица на Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција.

InterServer Web Hosting and VPS