Изненадување: Јувентус и Тотенхем се договориле за Дибала!

Најугледниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио вечерва пренесува навистина сензационална вест.

Имено, новинарот на „Скај Спортс“ пишува дека Тотенхем испратил понуда во висина од 70 милиони евра за услугите на Пауло Дибала и истата била прифатена од раководството на Јувентус.

Сега останува само играчот и клубот од Лондон да ги договорат личните примања по што треба да следи и официјализација на трансферот.

InterServer Web Hosting and VPS