Што би му подарил Бил Гејтс на милијардер за 90-ти роденден?

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, на милијардерот Ворен Бафет, за неговиот 90-ти роденден му направил орео торта.

Гејтс на Твитер објавил видео снимка со која му се обратил на пријателот Бафет. На површината на тортата бил исцртан ликот на Бафет, пренесува „CNN“.

„Ворен, среќен 90-ти роденден“, порачал Гејтс.

Бафет е познат по тоа што сака слатки работи и пие многу кока-кола, каде е и голем инвеститор, а има и своја фабрика за слатки.

Како што наведува „CNN“, Гејтс и Бафет се долгогодишни пријатели.

Гејт не одлучил случајно да направи орео торта. На својот профил напишал дека еднаш го затекнал Бафет додека го јадел омилениот десерт за појадок – орео.

InterServer Web Hosting and VPS