Нови 131 заразени, шестмина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.297 тестирања, а регистрирани се 131 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-34, Куманово-20, Штип-5, Прилеп-8, Струга-3, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-2, Радовиш-1, Кочани-3, Македонски Брод-1, Берово-6, Валандово-1, Виница-6, Делчево-10,Кратово-1, Свети Николе-5.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравен пациент од: Скопје-27, Дебар-1, Штип-10, Тетово-11, Струга-5, Битола-1, Гостивар-9, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Виница-4, Делчево-3, Кичево-3. Починати се 6 лица, еден пациент од Охрид (56), двајца пациенти од Скопје (63 и 80), двајца од Прилеп (78 и 54) и еден пациент од Штип (82). Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.293, бројката на оздравени пациенти е 11.014, на починати е 596, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.683. Направените 1.297 теста се преку: ИЈЗ- 654, ЦЈЗ Скопје-6, Авицена-162, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-195, Систина со PCR метода -160, лабораторија Лаор –70, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-35, Инфективна клиника-7, ГАК-8, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 147.002 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот“, се вели во соопштението.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа, наведено е таму, примен е 1 пациент, а вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45, нема пациенти на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, 4 мајки и 4 деца суспектни на вирусот. Во ГОБ ‘8 Септември‘ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 111, позитивни и сомнителни на ковид-19“, наведено е во соопштението.

InterServer Web Hosting and VPS