Протест против поскапувањето на струјата: Крадци, доста е веќе!

Повеќе од илјада граѓани во Тетово го искажаа во петокот попладнето својот револт против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика да ја поскапи струјата за 7,4 проценти.

Ова е четврти протест по ред, а денеска се протестираше само во Тетово и Гостивар а во останатите градови протестите беа одложени поради денешниот празник.

Демонстрантите бараат да се поефтини струјата и да се намали ДДВ за вкупно 46 проценти, потоа бараат да се укине РКЕ а да се формира ново независно арбитражно тело што ќе ги контролира услугите што енергетските компании им ги нудат на потрошувачите.

InterServer Web Hosting and VPS