Што се случи со лицето на Мадона?

Нејзините обожаватели деновиве се многу позагрижени за фотографиите во кои се чини дека пејачката доаѓа од некоја друга димензија!

Во текот на својата кариера, Мадона отсекогаш лансирала нови трендови, провоцирала и играла со стандардите за убавина. Сепак, се чини дека на 62-годишна возраст, нејзините модни „егзибиции“ имаат сосема поинаков ефект.

https://www.instagram.com/p/CEP-WE1BUf6/?utm_source=ig_web_copy_link

Мадона неодамна го прослави својот 62-ри роденден со голема, жешка забава на Јамајка, и ги разбранува социјалните мрежи со фотографија во која се части со џоинт.

Сепак, нејзините обожаватели деновиве се многу позагрижени за фотографиите во кои се чини дека пејачката доаѓа од друга димензија.

https://www.instagram.com/p/CD2AKqcBeXz/?utm_source=ig_web_copy_link

Нејзиното лице е толку затегнато, што образите и се поизразени од кога било, нејзините сини очи се закосени и издолжени, а усните и смениле форма.

„Отсекогаш бев фасцинирана од убавината на азиските жени“, рече еднаш Мадона, но никој не очекуваше таа да се обиде да се претвори во една од нив… И претера толку многу што сега изгледа како да се бори да трепне и едвај ја отвара устата.

https://www.instagram.com/p/CD7g5HRhyuu/?utm_source=ig_web_copy_link

Следбениците на Мадона не се многу воодушевени во врска со оваа промена, некои веќе ја гледаат нејзината иднина во славниот „музеј на восочни фигури“, а малку е веројатно дека таа ќе биде заслужена доколку источниот стил се врати како пример за убавина.

https://www.instagram.com/p/CEC3CXQB8sC/?utm_source=ig_web_copy_link
InterServer Web Hosting and VPS