Два нови паметни часовници на Fitbit го мерат нивото на стрес

Fitbit претстави два нови паметни часовници (Sense и Versa 3), со што го претрка својот главен конкурент Apple, кој своите носечки уреди би требало да ги претстави во септември.

Порталот The Verge објави дека Sense е најскапиот паметен часовник кој досега го издал FitBit. Освен што го покажува времето и се поврзува со паметниот телефон, овој часовник по цена од 320 долари ја мери електродермалната активност, односно колку добро нашата кожа го спроведува електрицитетот и така може да утврди кога сме под стрес.

Нивото на стрес ќе може да се одреди врз основа на температурата на телото. Иако се уште чекаат одобрение од регулаторите за оваа опција да ја споменуваат во медицински контекст, ова би требало да им помогне на корисниците да земат пауза во моментот кога часовникот ќе ги предупреди дека се под стрес и така да ги поттикне на поздрави животни навики.

Покрај Sense, Fitbit го претстави и паметниот часовник Versa 3, кој чини 229 долари. Новата верзија на добро познатиот Versa часовник има GPS сензор и функција на воспоставување на телефонски повици.

Претставена е и фитнес нараквицата Inspire 2, која покрај освежениот изглед чини 100 долари. Сите три уреди би требало да бидат достапни кон крајот на септември и веројатно ќе биде последниот, кој Fitbit ќе го претстави како самостојна компанија.

Уште во ноември минатата година најавено е дека Google понуди 2,1 милијарди долари за да го преземе FitBit. Тоа е запрено бидејќи регулаторите ширунм светот не се сигурни дека тоа би било добро, бидејќи Google овозможил увид во големата количина податоци за корисничките навики.

InterServer Web Hosting and VPS