Девојка итно во болница – Се искрши со велосипед на скопскиот Плоштад

Скопје, 6 август– Девојка од Тетово вчера паднала со велосипед на скопскиот Плоштад и се здобила со повреди.

Настанот се случил во 15 часот кога во СВР Скопје било пријавено дека на плоштад Македонија, 23-годишната А.З. од Тетово управувајќи велосипед паднала и се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот.

InterServer Web Hosting and VPS