Готово е: Арсенал конечно се ослободи од Кошчиелни

Никој не очекуваше долгогодишниот капитен на Арсенал, Лорен Кошчиелни да направи толку проблеми во последната година од неговиот договор.

Францускиот фудбалер одби да патува со тимот на турнејата во САД и со тоа го навлече гневот на сите навивачи на клубот кои со години го поддржуваа, дури и кога имаше катастрофални настапи за „топчиите“.

Кошчиелни бараше предвремен раскин на договорот за да замине во редовите на Рен, меѓутоа од Арсенал не му го дозволија тоа, па како протест тој одби да патува во САД.

Како што сега стојат работите Кошчиелни и дефинитивно ќе си замине од клубот затоа што Арсенал се договорил со Бордо за продажба на играчот.

Како што пишува „Скај Спортс“ трансферот ќе изнесува 4.6 милиони фунти. Кошчиелни преферирал трансфер во Рен, меѓутоа овој француски клуб не се договорил со Арсенал околу трансфер обесштетувањето.

InterServer Web Hosting and VPS