Детали за телефонскиот разговор помеѓу Куман и Суарез – траел помалку од минута!

Шпанските медиуми вчера објавија дека Роналд Куман преку телефонски разговор му соопштил на Луис Суарез дека нема да смета на него во новата сезона.

Куман минатата недела и официјално беше претставен како нов тренер на Барселона, а пред него е голем предизвик бидејќи навивачите очекуваат целосен ремонт на играчкиот кадар. Холандскиот стратег веќе отпиша неолку првотимци, помеѓу нив е и Суарез.

Уругваецот заедно со Меси долго време беше еден од најважните играчи и веќе шест сезони е дел од Барселона, сега изгледа дојде времето за разделба. Суарез има договор на уште една година, но како што стојат работите ќе дојде до раскинување на соработката.

„Мундо Депортиво“ вчера објави дека Куман во телефонски разговор му соопштил на Суарез дека не смета на него, иако Уругваецот се уште е помеѓу најдобрите напаѓачи во Европа.

Денес медиумите во Шпанија објавија еден вид дополнување на оваа вест и откриваат детали за разговорот. Разговорот помеѓу двајцата траел помалку од една минута. Куман директно му соопштил на Суарез дека нема да смета на него, а фудбалерот возвратил дека нема да прави проблеми ако го сметаат за непотребен. Според информациите тоа било се од разговорот.

InterServer Web Hosting and VPS