„Селјаци јас не сум оперска пејачка“: Карлеуша жестоко удри по хејтерите кои се шокираа од нејзиниот брутален костим на настап

Јелена Карлеуша имаше настап овој викенд во Црна Гора каде се појави во провокативен костим кој повеќе открива него покрива.

На многумина овој стајлинг не им се допадна, па пејачката веднаш им возврати во нејзин стил на хејтерите кои ја критикуваа.

-Имам потреба кратко да се обратам на оние кои се шокирани од мојот изглед и костим и оние кои ги споменуваат моите деца и слично. Селјаци јас не сум оперска пејачка ниту учителка во вашата општина, јас сум перформер, ова е сценски костим кој е во склад со мојата музика и сцена. Не идам вака во супермаркет со децата. Верувам дека барем еднаш во животот сте слушнале за Бијонсе, Лејди Гага, Ријана, Пинк, Мајли Сајрус… погледнете ги нивните сценски настапи, можеби во вашето мало место ова е шокантно, но не живеам таму, јас не сум како вас и мојот живот е нешто што можеби никогаш нема ни да го разберете, пишува во нејзиниот опис Карлеуша.

Таа додава и дека со ваквиот изглед и стајлинг штотуку започнала./kurir.mk

InterServer Web Hosting and VPS