Тестирањето на Mercedes-AMG Project One влегува во возбудлива фаза!

Хипер-автомобилот на Mercedes-AMG користи технологии кои влечат потекло од F1, за да испорача дури 1000 коњски сили од 1.6-литарски бензинец и четири електромотори!

Развојот на хибридниот хипер-автомобил е во тек веќе неколку години, а од AMG најавуваат дека Project One наскоро ќе започне со тестовите на Nurburgring. Инженерите на Mercedes-AMG успеале да надминат неколку проблеми со кои се соочувале при развој на погонската единица и сега моќниот хипер-автомобил ги испорачува сите 1000 коњски сили за време на тестирањето.

Моќниот Mercedes-AMG Project One користи технологии кои доаѓаат директно од F1. Она што е несекојдневно е дека користи 1.6-литарски турбо-бензинец со шест цилиндри, како и четири електромотори за вкупна, системска моќност од 1000 коњски сили.

InterServer Web Hosting and VPS