Турција: Историјата нема да го прости лицемерниот договор на Емиратите со Израел

Турција соопшти дека нема да го заборави „лицемерното однесување“ на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои вчера потпишаа договор за нормализација на односите со Израел.

Израел и Обединетите Арапски Емирати вчера, со посредство на САД, постигнаа историски договор кој ќе доведе до целосна нормализација на дипломатските односи на двете змеји.

Турското министерство за надворешни работи соопшти дека палестинскиот народ и владата се во право кога остро реагираа на договорот кој блискоисточната политика од палестинското прашање се пренасочува кон борбата против Иран.

„Многу е загрижувачко што ОАЕ со едностран потег се обидува да го поништи Арапскиот мировен план кој во 2002 го осмисли Арапската лига. Не е ни најмалку веродостојно што изјавата на трите страни се претставува како поддршка на палестинското прашање“, се наведува во соопштението на палестинското министерство.

Во заедничка изјава на американскиот претседаел Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и престолонаследникот на Абу Даби Мохамед ал Нахјан се наведува дека „историскиот пресврт ќе придонесе кон воспоставување мир на Блискиот Исток“.

Потпишувањето на договорот се смета за голем надворешнополитички успех на Трамп, кој посредуваше во процесот на потпишување на договорот.

Турција има дипломатски и трговски односи со Израел, но односите се напнати со години, откако во 2010 израелски специјалци пресретнаа брод со турски активисти кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Појасот Газа, со кој владее исламистичкото движење Хамас. Во акцијата беа убиени 10 турски активисти.

Таканаречениот Абрахамов договор е третиот арапско-израелски договор откако Израел донесе декларација за независност во 1948. Со Египет беше потпишан во 1979, а со Јордан во 1994.

InterServer Web Hosting and VPS