СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека се во напредна фази на тестирање.

СЗО и партнерите вклучија девет експериментални вакцини против Ковид-19 во инвестициона програма за вложување којашто ги охрабрува земјите да се приклучат, а проектот е познат како Ковакс.Иницијативата им овозможува на земјите да инвестираат во неколку вакцини за да добијат ран пристап и теоретски обезбедува средства за земјите во развој, објави АП.

„Немаме доволно информации за да донесеме одлука за ваквата руска вакцина“, рече д-р Брус Ајлвард, постар советник на генералниот директор на СЗО.

„Разговараме со Русија за да добиеме дополнителни информации за да го разбереме статусот на овој производ, спроведените тестови и кои се следните чекори“, рече тој.

Претседателот Владимир Путин оваа недела објави дека Русија одобрила вакцина против коронавирус и тврди дека ги штити луѓето до две години.

InterServer Web Hosting and VPS