Гренел: Состанок на Белград и Приштина во Белата куќа на 2-ри септември

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, денеска соопшти дека претставниците на двете страни ќе се сретнат на 2-ри септември во Белата куќа.

„Среќни сме да објавиме дека лидерите на Косово и Србија ќе се состанат во Белата куќа на преговори на 2-ри септември“, напиша Гренел на својот Твитер профил.

Разговорот закажан за Белата куќа, кој требаше да се одржи на 27 јули, беше откажан од косовска страна, а откако Специјалното обвинителство во Хаг поднесе обвинение против Хашим Тачи и Кадри Весели за воени злосторства.

InterServer Web Hosting and VPS