Масажа на дланка – античка јапонска метода која ги елиминира сите болки

Кога имате здравствени проблеми, првата работа што треба да ја направите е да го посетите вашиот доктор. Сепак, постојат и други начини за проверка и ублажување на здравствените проблеми.

Оваа метода за масажа на дланката овозможува да ги идентификувате проблемите за само неколку минути. Според верувањата, секој прст е поврзан со одреден орган во телото и со притисок на точно одредени точки може да се подобри и физичкото и емоционалното здравје.

Како функционира оваа метода?
За да биде ефикасна оваа метода, пробајте да држите притисок на соодветниот прст од 3 до 5 минути.

Кој прст е поврзан со кој орган?
Палец
Се верува дека палецот е поврзан со стомакот и слезината.

Показалец
Овој прст е поврзан со бубрезите и мочниот меур. Неговата стимулација помага при ублажување на забоболка, болки во мускулите, болки во грбот и го подобрува варењето на храната.

Среден прст
Овој прст е поврзан со црниот дроб и жолчното ќесе и може да помогне во борба против мигрена, замор, менструални болки и болки во предниот ден на главата.

Домал прст
Тој е поврзан со белите дробови и дебелото црево. Масирањето на овој прст помага при варење на храна, астма, проблеми со дишење и кожни болести.

Мал прст
Овој прст е поврзан со срцето и тенките црева и неговата стимулација помага при срцеви заболувања и болка во грлото.

За повеќе информации, погледнете го и ова видео:

InterServer Web Hosting and VPS