Албанија со нов рекорд на заразени, во Косово 193 новозаболени

Во изминатото деноноќие во Албанија се дијагностицирани 154 нови случаи на коронавирус, што е највисока бројка во едно деноноќие досега.

Од новозаразените, 84 се од Тирана, по што следува Драч со 10 новозаразени. Починале уште пет пациенти или 213 до сега, а оздравеле 3.616 лица.

Досега се потврдени 6.979 позитивни случаи во земјата, од кои активни на болеста се 3.142 лица.

Во Косово, според последните податоци, регистрирани се 193 новозаболени во изминатите 24 часа. Починале 8 лица, а излекувани се 205.

Вкупно од појавата на епидемијата, во Косово досега се заразиле 10.988 лица. Од нив починале 373, а оздравеле 6.616. Активни носители на вирусот во земјата, според косовските здравствени власти, се 3.999 лица. Од почетокот на пандемијата се извршени вкупно 42.627 тестирања.

InterServer Web Hosting and VPS