Нагелсман: Сакаме повеќе од ова

Тренерот на Ред Бул Лајпциг, Џулиан Нагелсман, сосема нормално беше пресреќен по синоќешниот триумф над Атлетико Мадрид и пласманот во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

„Не создадовме многу шанси во првиот дел, но се браневме добро. Не ни можеш да создадеш премногу шанси кога играш против екипа како Атлетико. Нашата игра во нападот беше поинаква на овој меч, а противникот не ни создаде премногу ситуации пред голот, повеќето ги имавме ние. Нормално е кога стигнуваш вака далеку да сакаш да зграбиш уште повеќе. Вечерва ќе славиме, а веќе утре ќе стартуваме да се подготвуваме за ПСЖ“ – изјави стратегот на Ред Бул по синоќешниот меч.

InterServer Web Hosting and VPS