Ердоган ја обвини Грција за тензиите во Медитеранот

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска ја обвини Грција дека создала тензии во регионот на Источен Медитеран и ја повика Атина да го почитува турските права. Тој на состанокот со претставници на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) посочи дека дијалогот и преговорите се единствено решение за спорот со Грција за истражувањето на нафта и гас во Источен Медитеран.

„Патот за решавање на проблемот во Источен Медитеран се дијалогот и преговори. Не се впуштаме во непотребни авантури и не бараме тензии“, рече Ердоган.

Изминатите недели се зголемени тензиите во регионот поради одлуката на Турција да почне да истражува за гас и нафта во Медитеранот, што за Грција е нелегален потег.

InterServer Web Hosting and VPS