Ал Келаифи: Нејмар и Мбапе никогаш нема да си отидат од Париз

„Нејмар и Килијан Мбапе се меѓу најдобрите фудбалери во светот и никогаш нема да си отидат од Париз“, изјави синоќа претседателот на ПСЖ, Насер ал-Келаифи, по шок-победата на „светците“ со пресврт против Аталанта.

Ал Келаифи својата изјава ја даде за Радио Монте Карло и потенцира дека целта на неговиот тим е освојување на Лигата на шампионите.

„Мбапе е еден од тројцата најдобри во светот. Нејмар? Најдобар на теренот. Не сме губитничка екипа, мислам дека имаме играчи со победнички менталитет. Нашата цел е да одиме до крај“, порача првиот човек на клубот од „Паркот на принцовите“.

ПСЖ, по 25 години, се пласира во полуфинале на елитно натпреварување. Далечната 1995 година Милан ги елиминира „светците“.

InterServer Web Hosting and VPS