Раката на интимните делови, главата на нејзините гради: Роналдо и Џорџина покажаа колку се сакаат

Кристијано Роналдо и неговата избраничка Џорџина повторно ја ”запалија” социјалната мрежа Инстаграм.

Еден од најдобрите фудбалери на светот објави нова заедничка фотографија и за помалку од половина час собра над 2 и пол милиони лајкови.

И не е ни чудно, затоа што на споменатата социјална мрежа го следат 235 милони луѓе.

Станува збор за интимен момент од нивниот одмор.

„Среќен сум што можам да ги споделам овие прекрасни моменти со вас“ – напишал португалскиот ас.

На фотографијата од годишниот одмор тие двајца изгледаат навистина заљубено, уживаат на јахта на која што се наоѓаат оваа седмица.

Да ве потсетиме, Кристијано Роналдо заминал на одмор порано отколку што очекувал, затоа што веднаш по завршувањето на Серија А со Јувентус беше елиминиран во осмина финалето на Лига на шампионите од Лион.

InterServer Web Hosting and VPS